Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште еден парк

Од:

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес направи увид во градежните активности за уредување на нов парк на површина од околу 1.250 м², кој ќе се простира во дел од просторот на училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.

Станува збор за досега запуштен простор кој добива целосно нова намена – ќе биде уреден како зелено катче со содржини за сите генерации.

Просторот ќе биде хортикултурно уреден, со детски реквизити, павер-елементи, урбана опрема – клупи и корпи за отпадоци, осветлување и зеленило. Покрај тоа, на еден дел од паркот ќе се изгради современ сообраќаен полигон за учење на сообраќајните правила, каде децата ќе можат да возат велосипеди и истовремено преку игра да се запознаат со сообраќајни знаци, семафори и сообраќајна култура.

Особено значајно е што станува збор за прв инклузивен сообраќаен полигон, прилагоден за деца со попреченост. Тоа значи дека полигонот ќе содржи пристапни патеки, визуелни и звучни елементи, тактилни површини и специјално дизајнирани едукативни содржини кои овозможуваат еднаков пристап и активно учество на сите деца – без разлика на нивната способност. На овој начин, Општина Кисела Вода испраќа силна порака за инклузивност, прифаќање и еднакви можности за сите деца.

– На местото на поранешна депонија, добиваме целосно нов урбан простор кој ќе им служи на жителите од овој дел на општината, но и на учениците од специјализираното училиште во близина. Создаваме катче каде децата ќе може да играат, да учат и да се развиваат во безбедна и уредена околина. Особено сум горд што тука го градиме првиот инклузивен сообраќаен полигон во општината – простор кој ќе биде прилагоден за сите деца, вклучително и оние со попреченост. Полигон со кој промовираме еднаквост, разбирање и интеграција уште од најрана возраст. Со пристапни патеки, звучни и визуелни елементи, тактилни површини и едукативни содржини, децата ќе можат низ игра да ги совладаат сообраќајните правила, но и да ја научат вредноста на инклузивноста. Овој проект, воедно е дел од пошироката стратегија на Општина Кисела Вода за зголемување на степенот на зеленило и подобрување на животната средина. Во последните 3.5 години, општината има оформено и уредено над 80.000 м² нови зелени површини, со што значително се подобрува еколошкиот амбиент и урбаниот пејзаж, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Децата учат во безбедни училишта

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Безбедни се сите училишта, градинки, јавни установи, културни домови и спортски сали во државава

Општина Кисела Вода донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

А1он

Двајца станари, пожарникар и полицаец се повредени во пожарот во зграда во Кисела Вода

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот Ѓорѓиевски донираше книги на Брајово писмо

А1он

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС е обединет, ќе посредуваме меѓу Карпош, Струмица и централната власт

А1он