Ѓорѓиевски: Граѓаните во Кисела Вода ќе добијат еден нов, модерен, ултрасовремен, затворен пазар

Од:

„Денеска во присуство на моите сограѓани овде од урбаниот дел од Кисела Вода, во присуството на лидерот на мојата политичка партија, Христијан Мицкоски, претседателот на Советот и останатиот дел од мојот тим означуваме односно отпочнуваме со за прв пат во триесет години еден ваков капитален проект, а тоа е за прв пат во историја моите сограѓани да добијат современи услови за пазарење односно еден нов, модерен, ултрасовремен, затворен пазар, нешто што во мојата општина недостасуваше повеќе од 30 години и моите сограѓани го немаа. Тука од една страна го постигнуваме ефектот да моите сограѓани, мојот народ овде во Кисела Вода пазари во едни современи услови, услови какви што им доликуваат, а од друга страна и оние кои што се пазарџиите кои што го опслужуваат нашиот народ и го пласираат својот производ да имаат едни современи, исто како народот да може да пазари, така и тие да имаат современи услови за пласман на своите производи овде во Кисела Вода”, изјави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Тој се заблагодари на Министерството за локална самоуправа која што партиципира со дел од средствата во овој проект, ова е за прв пат во историјата во Кисела Вода да имаме еден ваков нов современ пазар, ветен во мојата програма. Јас во мојата програма се обврзав дека 2 пазари вакви ќе изградиме, еве на истекот на првата година од мојот мандат веќе го почнуваме овој пазар кој што треба отприлика за 2 месеци да биде готов, а за многу скоро како медиуми ќе бидете повикани и во Драчево каде што ќе започнеме со изградба на уште еден ваков ултр модерен, современ, затворен пазар како што доликува за нашата современа општина.

„Морам да истакнам дека на истекување на година дена од мојот мандат веќе со програмата финишираме или отпочнуваме како денеска овој проект со некаде околу 70% од она што сме се обврзале за изборите пред нашиот народ да го реализираме, продолжуваме и понатаму со уште едно посилно темпо од ова што е досега се со цел да ги реализираме сите дадени ветувања во програмата и да ги подобриме условите за моите сограѓани овде во Кисела Вода”, изјави Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС е обединет, ќе посредуваме меѓу Карпош, Струмица и централната власт

А1он

Ѓорѓиевски: Потегот на Белград за да ни отстапи автобуси е добар

Единствен спас за Скопје е Арсовска да си поднесе оставка вели претседателот на ЗЕЛС

Катерина Ѓуровски

Скопските градоначалници бараат Владата да ги одземе ингеренциите на Комунална хигиена и на Паркови и зеленило

Ѓорѓиевски: Владата спроведува партиски реваншизам кон општините во минатите две години

Арсовска: Орце Ѓорѓиевски е неписмен, Дрисла е во сопственост на Град Скопје

A1on