Ѓорѓиевски: „Дрисла“ е во исклучително лоша состојба

Од:

Скопската депонија „Дрисла“ е во исклучително лоша состојба и силно ќе се залагаме да се трансформира по примерот на другите современи европски регионални центри за обработка и третман на отпадот, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Во обраќањето на експертската работилница за креирање зелени работни места во Македонија, Ѓорѓиевски порача дека земјава треба максимално да се заложи за селектирање на отпадот и за негово поефикасно искористување како суровина.

Градоначалникот потсети дека веднаш по стапувањето на својата нова функција се зафати со чистење на Скопје.

-На самиот почеток на мојот мандат максимално се посветив на средување на состојбата со нередот и ѓубрето во главниот град, нешто што беше проблем многу години наназад. Убеден сум дека Скопје, но и останатите општини, во соработка со Владата ќе почнат да се справуваат со отпадот на многу подобар и поцелисходен начин, напомена Ѓорѓиевски.

Тој го потенцира значењето на невладините организации кои работат на собирање, селектирање и третман на отпадот.

-Како пример ќе го истакнам поставувањето на специјалните контејнери за одделно собирање стаклен отпад, пластика, хартија и слично. Интересно е искуството за поставување машини за рециклирање пластични шишиња во основните училишта, но и можноста за плаќање паркинг со собирање шишиња, како и примерот во Кисела Вода за поставување канти за селектирање отпад во влезовите на објектите за колективно домување, подвлече градоначалникот.

Осврнувајќи се на работилницата, изрази надеж дека добар дел од искуствата на австриските експерти ќе бидат пренесени во Скопје.

Денешното јавно обраќање беше прво на Ѓорѓиевски по неговото стапување на функцијата скопски градоначалник.

Работилницата „Креирање зелени работни места во Северна Македонија“ ја организираат Австриското министерство за работа, социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите и Австриската амбасада во Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: Орце вели дека снегот не може да го изненади, а ЈСП најави редуцирање на автобуси поради временски услови

Ѓорѓиевски за Божик: Секој нов ден биде благословен со успеси

А1он

Ѓорѓиевски: Загадувачите се под удар, изречени се високи парични казни

Град Скопје ќе гради катна гаража во Клинички

Катерина Ѓуровски

Скопје подготвено за славење – Ѓорѓиевски најавува програма за сите генерации

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски на увид на „Љубљанска“, се активира проект за пуштање во употреба на мостот во Карпош

А1он