Ѓорѓиевски: Децата учат во безбедни училишта

Од:

Децата учат во безбедни училишта. Јавноста и родителите да бидат спокојни, нема простор за паника и страв. Оправдана беше нивната паника и страв, но децта се во сигурни раце и ние сме гарантит за сето тоа, изјави денеска претседателот на Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Во наредниот период, посочи Георгиевски, ќе се заложам задолжително да биде најмалку еднаш во годината согласно закон да мора да се вршат редовни контроли, а не да се остава на добрата волја на градоначалникот или службите.

Георгиевски, рече дека сега се прават вонредни инспекциски контроли, посочувајќи дека во Општина Кисела Вода, редовната контрола е направена на крајот на минатата година и има целосно комплетна документација за тоа дека училиштето е по сите стандарди и ги исполнува сите услови.

-Како претседател на ЗЕЛС, но и како градоначалник на мојата општина, сакам да порачам на нашите граѓани, дека нивните најмили и најмлади учат во безбедни училишта и градинки. Сето она што е утврдено како недостаток, дали е некаде треба да се замени црево заради застареност, дали има пропусти од типот дека во одредено училиште не се спроведени редовни контроли… тоа не смее да се случува во перпсектива, ќе биде во наредниот период експедитивно отстрането од локалните власти во соработка со диреторите на училиштата и службите на општините, изјави Георгиевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на основното училиште „Партенија Зографски“.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови

Почна големата акција „72 часа чисто Скопје“

Предраг Петровиќ

ДИК: Од обработени 80,85 % од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски – 59,41%, Амар Мециновиќ 34,80%

Интегра со поддршка за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: На Шуто Оризари му е доста од хаос и запоставеност, мојот концепт е Скопје еднакво за сите граѓани