Ѓорѓиев: Ќе се легализираат трактори и приколки

Од:

Владата усвои Закон кој овозможува легализација на тракторите, приколките и останатата земјоделска механизација

Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, усвојувањето на овој закон претставува исполнување на ветувањето за решавање на деценискиот проблем со кој се соочуваат земјоделците, можност тие да остваруваат дополнителна вредност и да ја засилат својата конкурентност преку добивање средства од Програмата за рурален развој.

Се очекува Законот да стапи во сила идниот месец, а целиот процес на легализација да се заокружи за една година. Постапката е максимално поедноставена, шест месеци ќе бидат потребни за пријавување на механизацијата и уште толку за нејзино регистрирање.

Според Студијата што ја изготвија тим професори од Факултетот за земјоделски науки и храна, во Македонија има околу 100.000 парчиња механизација од кои 25.000 до 35.000 трактори, но многу мал дел, само пет до 10 отсто со документи за сопственост.

Со регистрацијата, додаде Ѓорѓиев, ќе се зголеми безбедноста, ќе се спречат повреди при користењето и нема да има проблеми со полицијата зашто ќе биде дозволено движењето по сообраќајници.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски