Ѓорѓиев: 400 нови вработувања за обука кај познат работодавач

Од:

Четиристотини нови вработувања кај познат работовача од идната недела ќе бидат обезбедени со одлука на Влада, а во септември ќе следи оглас за работно ангажирање на уште 600 лица.

Како што соопшти на денешната прес конференција портпарол на Владата Александар Ѓорѓиев, станува збор за нова владина мерка за поттикнување на вработувањето, со која ќе бидат опфатени вкупно 1.000 невработени лица, a за која во првата фаза се обезбедени 60 милиони денари. Ангажираните лица ќе работат во период од три месеци, а најмалку половина од нив ќе бидат задржани на работа уште најмалку година дена.

– Ова е уште една конкретна мерка на Владата со која се поттикнува вработувањето. Особена корист ќе имаат и работодавците и работниците. Првите ќе стејнат дополнителен кадар за извршување на дејноста, вторите ќе добијат нови знаења и вештини битни за конечно вработување во траење од најмалку една година, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски