Ѓорѓиев: 2000 нови оперативни вработувања оваа недела

Од:

Владата одлучи во соработка со општините следната недела да почне процесот на вработување на 2.000 лица кои ќе бидат ангажирани за вршење јавни работи во период од шест месеци. Преку општините во идниот период ќе бидат работно ангажирани уште дополнителни околу 2.000 лица за вршење јавни работи.

Ова денеска на прес-конференција го истакна портпаролот на Владата Алексанадар Ѓорѓиев, кој рече дека за оваа цел Владата обезбедила еден милион евра, а исплатата ќе се врши преку општината која ги има ангажирано работниците. Тој потенцира дека за дополнително ангажираните околу 2.000 лица општините во соработка со Владата одделуваат дополнителни еден милион евра.

– Лицата за време на работниот ангажман ќе добиваат финансиски надомест од 7.600 денари месечно во кои е вклучено и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. Лицата го задржуваат и правото на здравствено осигурување, посочи Ѓоргиев.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски