Ѓорѓи Божинов го фати светиот крст во Радовиш

Од:

Ѓорѓи Божинов го фати крстот што по повод Водици традиционално беше положен во Градскиот базен Шампион во Радовиш.

Божинов од градоначалникот Сашко Николов доби парична награда од 20.000 денари, а од свештениците на Брегалничката епархија и од фирмата Зегин други подароци.

Чествувањето на големиот православен празник Богојавление-Водици 2017 во Радовиш почна со света божествена литургија во храмовите Св.„Пророк Илија“ и Св. „Троица“, по што верниците во „Литија“ се упатија кон базенот Шампион каде се изврши големиот водосвет.

Кумството од годинашната манифестација Крсте Ѓоргиев му го предаде на Бојан Митевски кој ќе биде кум на празникот наредната година.

Градоначалникот Сашко Николов финансиска награда им додели на сите момчиња кои успеаја да го фатат Светиот крст во сите села во општина Радовиш.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје