Ѓоргиев: Бугарскиот меморандум не е во функција на постигнување успех на заедничката комисија

Од:

Барањата и ставовите на Софија длабоко ги еродираат заложбите за добрососедство, а едностраните и исклучиви оценки може да ја направат беспредметна и работата на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, се реакциите во земјава по објавувањето на содржината на меморандумот Бугарија го испратила до земјите членки на ЕУ.

Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим експерти во македонско-бугарската комисија, во изјава за Дојче веле, оценува дека објаснувачкиот меморандум на Република Бугарија упатен до членките на ЕУ во пресрет на одлуката за започнување не преговорите со Северна Македонија, во кој се негира современиот македонски јазик и идентитет, не може да биде во функција на постигнување успех на комисијата.

– Негувањето на сопствениот јазик и култура и на сопственото чувство на идентитет и заедница не може да бидат закана за европските вредности и не може по никоја основа да претставува антибугарски чин, или пак закана за било која нација или народ. Всушност, негирањето на правото на јазик и идентитет претставува закана за европските вредности и основните човекови права. Нациите се резултат на долготрајни и повеќеслојни процеси и не се создаваат со одлука и волја на една институција или човек. Несомнено бугарската национална идеја има свое место во развојот на македонската национална идеја, што резултирало со заеднички и споделени историски личности и моменти (впрочем, историјата на европските народи познава многу примери на заеднички херои). Но, тоа не и го одзема правото на македонската нација на нејзин сопствен и автохтон пат. Всушност, сите нации се социјални конструкти, а не биолошки категории, истакнува Ѓоргиев.

За забелешките во бугарскиот меморандум за толкувањето на концептот за „заедничка историја“, Ѓоргиев вели дека денес постојат неколку концепти кои ги објаснуваат историските процеси и меѓусебните влијанија меѓу нациите и други заедници, како што се испреплетена или споделена историја, вкрстена историја.

– Синтагмата „заедничка историја“ спомната во Договорот за добрососедство, не е дефинирана во самиот Договор. Неговото разбирање и толкување не може да биде надвор од рамките на современите пристапи за проучувањето на минатото, вели претседателот на македонскиот тим во Македонско-бугарската комисија.

Ѓоргиев посочува дека постојат различни читања на историјата, но тие не мора да водат до конфликт.

– Несомнено е дека во поглед на разбирањето на историјата на регионот Македонија постојат повеќе погледи и толкувања, особено во државите на Балканот, така што не постои само една ‘историска вистина’. Но ,тоа не е причина да се настојува еден национален историски наратив, односно ‘историска вистина’ да се наметне врз друг. Ваквите спорови можат да се надминат само преку разбирање за погледите на соседите, без притоа тие погледи за минатото да предизвикуваат поделби и недоразбирања. Токму поради тоа, мултиперспективниот пристап во изучувањето на минатото претставува солидна основа за надминување на историско-политичките спорови. Постојат различни читања на историјата, но тие не мора да водат до конфликт, туку поскоро до дијалог што ќе овозможи да се надминат национализмите и злоупотребата на минатото, кои ги поткопуваат темелите на кои се заснова современа Европа, оценува Ѓоргиев во изјава за Дојче веле.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Јотова советите да ги упати до буарските власти да дозволат Македонците да се организираат во невладини