Ѓоргиев: 176 километри локални и 74 километри регионални патишта до крајот на годината

Од:

Владата најави силна и амбициозна агенда во делот на изградба и реконстукција на локални и регионални патишта. До крајот на годината ќе се реализираат најмалку 76 локални патишта со вкупна должина од 176 километри и инвестиција од 15 милиони евра и четири регионални правци со вкупна должина од 74 километри и вредност од над 10 милиони евра.

Ова го најави денеска владиниот портпарол Александар Ѓоргиев на прес конференција кој истакна во јули ќе бидат изградени 25 локални патишта со должина од 54 километри и инвестиција од 4,54 милиони евра, во август 26 локални патишта со должина од 62 километри и инвестиција од 4,78 милиони евра, во септември осум локални патишта со должина од 19 километри и инвестиција од 1,11 милини евра, во октомври 10 локални патишта со должина од 25 километри и инвестиција од 2,26 милиони евра и во ноември седум локални патишта со должина од 16 километри и инвестиција од 1,56 милиони евра.

Дополнително на овие, Ѓоргиев рече дека ќе има нови 32 локални патишта во Пелагонискиот, Југозападниот, Полошкиот и Скопскиот регион, за што во тек е постапка за избор на изведувачи која ќе заврши за 20 дена, а дека на почетокот на август ќе бидат распишани и два повика за избор на изведувачи за околу 60 дополнителни локални патни правци за сите осум региони чија градби би почнала на крајот на оваа година.

Тој апелира до градоначалниците да аплицираат во Агенцијата за државни патишта со свои проекти итно за да влезат во програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и да ги задоволат интересите на граѓаните.

– И досегашните патишта се грдат на територијата на цела Македонија, во сите општини без разлика на политичката, етничката или верската припадност на градоначалникот или пак граѓаните кои живеат во општината, така и ќе продолжиме, рационално и констуктивно во интерес на граѓаните, истакна портпаролот на Владата на Република Македонија.

Во делот на регионалните патни правци, на прес-конференцијата рече дека до ноември годинава ќе бидат завршени патните правци Струга-Дебар, Кавадарци-Мушов Гроб, Ангелци-Вељуса-Водоча-Баница и Радовиш-Конче-Лубница.

Тој информира дека во тек се повици за избор на најповолен понудувач за регионалната делница Бошков Мост-Гарски Мост со должина од 8,2 километри и за Тетово-Јажинце со должина од 16 километри за кои се очекува по изборот веднаш да се почне со градба.

– Оваа Владата е прва влада која силно и програмски се осврна на овој битен сектор на локална и регионална комуникација и има реализирано повеќе стотици километри локални и регионални патишта и оваа Влада така и ќе продолжи и во иднина. Ќе продолжиме со ангажман и на внимание и на средства и на ресурси за подобрување на локалната патна инфраструктура и на секое ниво, рече владиниот портпарол и додаде дека во 2010 година се завршени 53 локални патишта со вкупна должина од 116 километри, во 2011 година се завршени дополнителни 76 локални патишта со должина од 155 километри и во 2012 година заклучно со јуни дека се заврѓени дополнителни 24 локални патишта во вкупна должина од 45 километри.

Во однос на проектите за автопатиштата низ земјата рече дека Владата работи интензивно на тој процес и дека има напредок во модалитетите. Потенцира дека досега се завршени сите процесни подготовки за изградба на автопатите дека се направени проекти, расчистени се голем дел од имотно-правните односи што до 2006 било многу малку третирано и оти работите се одвиваат со добар напредок.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он