Ѓоко Василевски, нов претседател на Советот на општина Демир Хисар

Од:

Ѓоко Василевски, дипломиран електро инженер и советник од редовите на ВМРО -ДПМНЕ е новиот претседател на Советот на општина Демир Хисар. Одлуката е донесена со мнозинство советници, на денешната 44. редовна седница.

– Пред изборот на Василевски за претседател, Советот го водеа Кире Ристевски и Јосиф Ристевски кои поднесоа оставки заради настанат конфликт на интереси. Нивните оставки предизвикаа кандидатски поместувања во персоналниот состав на Советот, па така, нивните места ги пополнија Дејан Босилковски и Саше Темелковски. Со овие поместувања од изборната листа на Коалицијата „За подобра Македонија“ остана неангажиран само уште еден кандидат, информираат од Секторот за односи со јавност на општина Демир Хисар.

На денешната седница, советниците разгледаа и усвоија уште седум документи во изворна надлежност на Советот на општина Демир Хисар.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти

Орце Костов

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Орце Костов

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на Ковид-19

Во Ресен и Демир Хисар гласањето се одвива без пречки

Жарко Настоски

Публикација за културното, уметничкото и гастрономското богатство на Демир Хисар

Ана Ололовска