Гимназијата во Крива Паланка доби три паметни табли

Од:

Две нови интерактивни табли набавени од сопствени средства и една обезбедена со донација од Владата на Република Македонија се инсталирани во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка.

– Во контекст на продолжување на модернизацијата на наставата во нашето училиште набавивме две паметни табли, а уште една беше обезбедена преку локалната самоуправа со донација од Владата. Сите три се во функција и нивната примена наидува на позитивни коментари и од професорите и од учениците. Освен тоа, купивме и 13 телевизори кои се поврзани со ИКТ системот во училниците и се применуваат на часовите, изјави Миле Милковски, директор на училиштето.

Тој посочи дека за последната набавка одвоени се околу 800 илјади денари од училишниот буџет.

– Над 800 илјади денари сопствени средства од блок – дотации беа вложени во опрема, покрај табли и монитори, и за нагледни средства во кабинетите по биологија, хемија, физика и географија, како и за нагледни средства за електротехничката и машинската струка, рече Милковски.

Во следниот период во консултација со наставниот кадар се планира набавка на дополнителна опрема потребна за наставниот процес.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование