Гевгеличанец се обидел да го убие очувот

Од:

Основното јавно обвинителство од Гевгелија отвори истрага за обид за убиство во која е осомничено едно лице кое повеќепати со нож го избол својот очув.

Настанот се случил пред два дена, на 12 декември, кога осомничениот влегол во домот на очувот. Мал прозорец од домот бил отворен, па осомничениот преку него со рака успеал да ја отворил влезната врата и да влезе. По кратка расправија, според ОЈО Гевгелија, повеќе пати го избол со нож.

„Притоа му нанел тешки телесни повреди – две убодни рани во грбот, длабоки исеченици на левата страна на вратот, лицето и на десната шака. Оштетениот паднал на подот во дневната соба и почнал обилно да крвави. Откако осомничениот си заминал, оштетениот успеал да излезе надвор на улица, каде што го затекнале случајни минувачи кои повикале итна медицинска помош. Пред да падне во кома поради сериозноста на повредите и да биде пренесен на Клиничкиот центар во Скопје, оштетениот успеал да го наведе осомничениот како сторител на кривичното дело“, соопштија Обвинителството.

ОЈО Гевгелија бара судот да му определи притвор на осомничениот.

Би можело да ве интересира

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски