ВИДЕО: Героски отиде на „двобој“, доби боја од Палевски врз глава

Од:

Уредникот и новинар, Бранко Героски отиде на „двобој“ со Љупчо Палевски кој наместо ветениот шамар му истури боја.

-Простете што ви се обраќам заеднички, но читам дека и едните и другите интензивно ја коментирате мојата одлука утре во 12 часот да се појавам пред „Манда“, каде што лицето Љупчо Палевски ме повика на физичка пресметка. Тоа што тој тоа го нарекува „провокација“ од моја страна и слично, тоа може на други прикаски да раскажува, евентуално утре на суд, ако работата дојде до таму – еве, на фотографијата што ја постирам, можете и самите да видите дека станува збор за класична закана од негова страна (шамар, селфи).

Го ценам тоа што повеќето од вас ме одвраќаат од мојата намера да се појавам на закажаниот „дуел“ (како и да го замислил Палевски), но јас нема да ја сменам својата одлука и сакам пријателски и човечки да ви објаснам зошто, пишеше вчера Героски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Горан Наумовски

ОЈО: Постапката за екстрадиција на Палевски ќе биде спроведена преку МВР

Лога: Добивме одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски

Горан Наумовски

Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

(ВИДЕО) Спасовски: Ја врзале Вања за рацете и нозете и ја ставиле во вреќа за спиење

Орце Костов

(ВИДЕО) Убиецот на Вања избегал на 30 ноември: Со неговиот адвокат преку Белград отишол во Бугарија

Орце Костов