Германска донација за Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје

Од:

Одделот за конфекциска техника на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ќе добие единаесет индустриски машини за шиење и додатен прибор од германската фирма „Киблер“ и Германското сојузно министерство за економска и развојна соработка од Бон.

Донацијата е во вредност од 7.500 евра, а ќе биде предадена во среда во присуство на германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.
Фирмата Киблер и претходно има донирано материјали за шиење во вредност од 5.000 евра.

Соработката се остваруваше во рамки на двегодишниот проект за јавно-приватно партнерство меѓу фирмите „Босут“ од Куманово и „Киблер“ и Сојузното министерство за економска соработка со цел квалификување и воведување на нови производствени методи за зголемување на конкурентноста на македонската конфекциска индустрија.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март