Oтпорот одржа протестен марш низ Делчево. На собирот се обрати и Љубчо Георгиевски изнесувајќи критики до локалната и централната власт.
Јас и Бранко Црвенковски правевме многу грешки, но внимававме да не ја задолжиме државата, а оваа Влада троши 30 до 40 милиони евра за спотови и реклами и зема позајмици за исплата на платите и пензиите, рече Георгиевски.