Генерал Арсоски, нов командант на механизираната пешадиска бригада

Од:

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, денеска се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на 1. механизирана пешадиска бригада (мпбр).

Должноста командант на 1.мпбр од бригадниот генерал Стојан Димчов ја прими бригадниот генерал Павле Арсоски кој досега ја извршуваше должноста командант на полк за специјални операции (пСО) на АРМ.

На свеченоста присуствуваа командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) генерал-мајор Методија Величковски, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, команданти на потчинетите команди и единици и други гости.

Генералот Величковски искажа задоволството што присуствува на свеченоста по повод примопредавањето на должноста командант на 1.мпбр. Предавајќи му го борбеното знаме на единицата, командантот на ЗОК му посака добредојде на новиот командант на бригадата и му порача дека е потребно да продолжи со понатамошниот развој на обученоста и оспособеноста на 1. мпбр.

Досегашниот командант на 1.мпбр, бригадниот генерал Стојан Димчов истакна дека како досегашен командант е задоволен од постигнатите резултати, и искажа задоволство што командувал со овој состав, при што на сите им се заблагодари за укажаната подршка.
Новиот командант на 1.мпбр, бригадниот генерал Павле Арсоски истакна дека е горд што ќе командува со единица како што е оваа.

– Ќе маршираме подолго и подалеку, ќе гаѓаме почесто и попрецизно, ќе изведуваме вежби надолж и попреку низ целата Република Македонија, рече Арсоски.

Досегашниот командант на 1.мпбр, бригадниот генерал Стојан Димчов со Указ на Претседателот на Република Македонија е поставен за началник на штабот во Здружената оперативна команда.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација