Газадата на „Пулс“ понудил имот вреден 200 илјади евра како гаранција

Од:

Првообвинетиот сопственик на дискотеката „Пулс“, во која во пожар загинаа 63 млади луѓе, а околу 200 беа повредени, поднел гаранција за да излезе од затворски притвор.

Гаранцијата е во висина од 200 илјади евра во недвижен имот. Барањето најпрво ќе биде доставено на мислење до Основното јавно обвинителство, по што ќе биде вратено во судот на одлучување.

Инаку, на Јованов по сила на закон притворот му истекува на 3 октомври, бидејќи тогаш поминува една година од оценката на обвинителниот акт.

Неговата бранителка Ивана Коцевска на последното судење, кога најави дека ќе поднесат гаранција, рече дека одбраната има намера да покаже пред јавноста дека првообвинетиот нема да бега од правдата.

Би можело да ве интересира

Судење за „Пулс“: Вештакот на одбраната тврди скалите и галеријата на дискотеката биле занаетчиски работи, Обвинителството укажува на градење без проект

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се изведуваат докази на одбраната

Одбраната ќе изведува докази на судењето за пожарот во „Пулс“

А1он

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов во случајот Пулс

Катерина Ѓуровски

Дел од имотот што го понудил газадата на „Пулс“ е дивоградба, дел се шупи – Обвинителството бара да се одбие гаранцијата

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он