Гаши: Папата Франциск ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓу религиозниот дијалог

Од:

Претседателот на Собранието, Африм Гаши во сочувството по повод смртта на папата Франциск посочува дека смртта на папата е длабока загуба за целото човештво.

– Како духовен лидер на нашето време, тој ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог, станувајќи симбол на посветеноста кон заедничкото добро. Со својата едноставност, со безусловната љубов кон човекот и природата, Папа Франциск допре до срцата на милиони луѓе низ целиот свет, надминувајќи верски, национални или идеолошки граници, истакнува Гаши.

Додава дека неговото наследство ќе остане водич за идните генерации за изградба на посправеден, помирен и поединствен свет.

– Во мое лично име и во име на Собранието на Република Северна Македонија, изразувам најискрени сочувства за оваа незаменлива загуба за католичкиот свет и за целото човештво. Нека биде вечен споменот за него!, се вели во сочувството на Гаши за Папа Франциско.

Би можело да ве интересира

Папата Франциск во 2019 година ја посети Македонија

Скопскиот бискуп Киро Стојанов упати писмо до сите парохии по повод упокојувањето на папата Франциск

Лидерите на Русија и Украина со јасни пораки за човекот кој жестоко ја критикуваше војната во Украина

За прв пат по повеќе од 300 години, папа нема да биде погребан во базиликата „Свети Петар“

Одложени натпреварите во Италија поради смртта на папата Франциск

Горан Наумовски

Силна конкуренција кој ќе биде наследник на папата Франциск, последниот збор го имаат кардиналите

Горан Наумовски