ФСП: ВМРО-вците не се повеќе со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„После пет дена кампања Форумот на слободоумни патриоти сака да го изрази своето задоволство и уште еднаш да ги охрабри членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ да продолжат со бојкотот кон актуелното раководство.

Бојкотот беше реалност во Охрид, Ресен, Струга, Неготино, Кавадарци, Аеродром, Карпош, Валандово, Гевгелија, секаде каде што ќе се појават функционери од актуелното раководство. Може да ја злоупотрбувате администрацијата или да ги злоупотребувате Ромите и големиот “вмровец” Амди Бајрам, но тоа нема да го скрие фактот дека вмровците не се повеќе со вас, дека сте оставени сами на себе.

Ако се уште не ви е јасно зошто ве бојкотираме, само сетете се во не така далечното минато и сетете се што се им правевте на вистинските вмровци, сетете се само колку пати ги лажевте и после секои избори како им вртевте грб, како систематски ги заменувавте со луѓе со сомнителна идеологија. Сетете се како тоа Стевче Јакимовски, Панчо Минов и слични отпадоци на нив преку ноќ станаа “вмровци” и ги уживаа сите бенифити додека вмровците мизеруваа.

Сетете се и на смешната коалиција со Сојузот на Титови леви сили и лустрираниот кодош Угриновски, менување на партиските бои со боите на Сојузот на Титови леви сили. Вмровците не забораваат и дека додека ние мизеруваме вие на листи ставате луѓе кои преку ноќ благодарени на четирите свети букви се збогатија, луѓе кои се осомничени за тешки кривични дела. Не ви ја забораваме и тендер коалицијата со терористите и гласањето за амнестија на злосторства против човештвото, за тоа како на терористите им дадовте се, додека бранителите живеат во беда и прогон. Не ви забораваме и многу други работи.

Бојкотот ви е реалност! Бојкотот продолжува“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на Форумот на слободоумни патриоти до македонската јавност

Ана Ололовска

ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Ана Ололовска

ФСП: Велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор

Ана Ололовска

ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Ана Ололовска

ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Ана Ололовска

ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Ана Ололовска