ФСП: ВМРО-ДПМНЕ е узурпирана од луѓе со сомнителна идеологија

Од:

„На 22.06.2015 во присуство на Владимир Змејковски, Миле Димовски, Влатко Бурнески, Љубиша Пешиќ и Самоил Малчески беше и формално основан Форумот на слободоумни патриоти, идеата која неколку месеци постоеше во јавност конечно доби своја форма на организирање и делување. За прв Претседател на Форумот, на основачкото Собрание беше избран г-дин Владимир Змејковски.

Форумот на слободоумни патриоти нема цел да стане политичка партија, ние своите права и обврски ќе ги остваруваме согласно Статутот и актите на ВМРО ДПМНЕ, како негови членови.

Форумот на слободоумни патриоти ќе се залага за враќањето на демократијата во ВМРО ДПМНЕ. Партијата која беше симбол за демократија и демократски вредности се води тоталитарно и вон Статутот на партијата. Партијата веќе подолго време е без Потпретседател, не се знае кои се членови на Статутарна комисија и Надзорна комисија за финансиско-материјално работење и дали постојат. Партиските комисии кои треба да бидат креатори на партиските политики по сектори и кои треба да обезбедат континуитет на партиските политики функционираат само на хартија, во реалност никаде ги нема.

Форумот на слободоумни патриоти се залага за градење на систем на вредности, систем кој ќе обезбеди рамноправност и правичност за сите членови на ВМРО ДПМНЕ. Форумот се залага Претседателите на Општински и Месните комитети да ги избира членството, доста беа конкурси на кои најчесто беа бирани луѓе со сомнителна идеологија или оние кои веќе ја имаат предадено партијата.

Форумот на слободоумни патриоти смета дека Кадровската комисија во целост не го оправдува своето постоење, наместо да се селектираат најспособните и најзаслужните кадри за државни позиции, најчесто се поставуваат луѓе со сомнителни биографии, горди послушници.
Форумот на слободоумни патриоти во целост се залага за возобновување на Унијата на ветерани на ВМРО ДПМНЕ, согласно Статутот на партијата. ВМРО ДПМНЕ треба во континуитет да води грижа за луѓето кои ја основале партијата и кои имале храброст да застанат во првите редови во оние моменти кога било најтешко.

Исто така Форумот на слободоумни патриоти упатува апел до основачите на партијата. Нашето чедо ВМРО ДПМНЕ, она истото за кое многу се боревме и страдавме денес е узурпирано и злоупотребено од луѓе со сомнителна идеологија, водени од лични и материјални интереси. Браќа и сестри, кога имавте храброст во 1990 година да застанете и да се борите, застанете и сега, застанете со нас и борете се за спас на нашето чедо, борете се за спас на ВМРО ДПМНЕ.

Форумот на слободоумни патриоти останува отворен за соработка и ги повикува сите членови на ВМРО ДПМНЕ кои и мислат добро на партијата да застанат со нас во одбрана и спас на ВМРО ДПМНЕ. Овој повик не е декларативен. Искрено и од срце ги повикуваме сите членови на ВМРО ДПМНЕ кои не се согласуваат со политиките на врвот на партијата и имаат желба да помогнат да ја спречиме пропаста на партијата да застанат рамо до рамо со нас. Да ги занемариме личните интереси, да се охрабриме, организираме и заедно сплотени на ова лицемерно раководство да му порачаме да ја остават партијата на вистинските патриоти, на кои Македонија им е искрено пред се, а не личните бизнис интереси“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на Форумот на слободоумни патриоти до македонската јавност

Ана Ололовска

ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Ана Ололовска

ФСП: Велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор

Ана Ололовска

ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Ана Ололовска

ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Ана Ололовска

ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Ана Ололовска