Форумот на слободоумни патриоти смета дека кризата која со своето неодговорно однестување ја предизвикаа лидерите на политичките партии трае предолго и на штета на граѓаните на Република Македонија.
„Секој загубен ден е на штета на Република Македонија и нејзините граѓани, а во корист на креаторите на оваа криза.
Форумот на слободоумни патриоти ги повикува лидерите на најголемите политички партии да заборават на своите суети и лични интереси и итно да седнат и да договорат излез од кризата и враќање на Република Македонија на евро-атланскиот пат.
Форумот на слободоумни патриоти ги повикува надлежните институции да се одважат и ослободат од политичките стеги во кои се најдуваат и итно да спроведат истрага за прислушкуваните разговори. Низ транспарентна постапка да покажат дали снимките се автентични или пак се сечени, лепени, креирани и монтирани како што некој сака да ги прикаже. Ние сметаме дека со ваквиот чекор институциите ќе допринесат за побрзо решавање на кризата и ќе покажат дека се во служба на сите граѓани на Република Македонија, а не на една мала група која ги користи само за лични цели и интереси“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.