ФСП: Од новиот специјален обвинител очекуваме ефикасно решавање на дилемите кои ја мачат македонската јавност

Од:

„Форумот на слободоумни патриоти го поздравува донесувањето на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и сака да и го честита изборот на г-ѓа Катица Јанева за специјален јавен обвинител.

Форумот на слободоумни патриоти смета дека ова е еден од клучните чекори за разрешување на долгата политичка криза која ја тресе Република Македонија. Од новото обвинителство и новиот специјален обвинител очекуваме своите обврски да ги обавува на крајно професионален начин и да постапува согласно позитивните законски прописи. Очекуваме брз и ефикасен пристап и ефикасно решавање на дилемите кои долго време ја мачат македонската јавност.

Форумот на слободоумни патриоти ги става на располагање своите капацитети на новото обвинителство, а се со цел побрзо и поефикасно разрешување на кризата, а со самото тоа и нормализирање на општествените процеси во Република Македонија и враќање на евро-атланскиот пат“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на Форумот на слободоумни патриоти до македонската јавност

Ана Ололовска

ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Ана Ололовска

ФСП: Велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор

Ана Ололовска

ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Ана Ололовска

ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Ана Ололовска

ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Ана Ололовска