ФСП: На Република Македонија и требаат кредибилни, фер и демократски избори, а не фарса

Од:

„Форумот на слободоумни патриоти сака да го изрази своето задоволство од начинот на кој чесното и искрено партиско членство го бојкотираше актуелното партиско раководство во оваа изборна кампања. Фактичка состојба е дека на последниот ден од изборната кампања бојкотот е реалност и е одговор на сите лоши политики кои беа спроведени во изминатите години, а од кои најмногу настрадаа вистинските вмровци.

Бојкотот продолжува и на изборниот ден. Уште еднаш ги повикувам членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ в недела да останат дома и да не гласаат за листи кои се составени од осомничени и аболицирани за криминал лица, да не гласаат за луѓето кои сторија многу злодела меѓу кои и амнестијата на т.н. “Хашки случаи”, злосторства против Македонскиот народ и Република Македонија. Доколку сте под притисок и морате да излезете, одете и поништете го гласачкото ливче.

Притоа за крај сакаме да им укажеме на сите активни чинители во процесот дека во недела на Република Македонија и требаат кредибилни, фер и демократски избори, а не фарса“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

 

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на Форумот на слободоумни патриоти до македонската јавност

Ана Ололовска

ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Ана Ололовска

ФСП: Велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор

Ана Ололовска

ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Ана Ололовска

ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Ана Ололовска

ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Ана Ололовска