ФСП: Мудро би било Груевски навреме да се повлече

Од:

„Форумот на слободоумни патриоти ги поздравува разговорите на клучните политички партии за излез од политичката криза и постигнатиот договор за мирно одвивање на протестите. Насилните протести, најавите за контрапротести и сценаријата за меѓусебен судир на протестантите, непотребните напади врз полициските сили или непотребната или прекумерна употреба на сила на полицијата ќе се сметаат за деструктивен акт на нарушување на безбедноста и стабилноста на државата.

  1. 1. Форумот ги поздравува оставките на владините функционери и ја повикува опозицијата да се врати во парламентот, како взаемно корисен чекор за надминување на кризата. Формирање на Влада на национално единство, спроведувањето на правните квалификации и препораки за јакнење на парламентот од т.н. мартовски договор и основањето на нова Анкетна комисија за прислушувањето е нареден неопходен чекор кој треба да доведе до враќање на парламентарното функционирање и меѓусебната доверба. Пратениците заедно треба треба да работат на мерки и нормативи за јакнење на улогата на Собранието на РM, подобрување на законите и политичкиот систем за да вакви кризи никогаш повеќе не се повторат.
  2. 2. Сите други институции, особено правосудните треба да се ослободат од партискиот притисок, а на чело на обвинителството да дојдат луѓе со личен и општествен авторитет, кои ќе бидат независни во својата работа. Во таа смисла, се охрабрува што поскоро спроведување на усогласени мерки кои ќе водат кон враќање на нивниот кредибилитет и одговорност, меѓу кои и зајакнат парламентарен надзор. Заедничкото учество во работењето на владата на национално единство може да биде клучен механизам за враќање на стабилноста и кредибилитетот на институциите и државата.
  3. 3. Форумот ги повикува политичките лидери да ги надраснат своите суети кои ја попречуваат соработката меѓу политичките субјекти, како меѓу политичките партии, така и во односот кон Претседателот на државата! Форумот ги охрабрува Претседателот на државата, покрај основањето на заедничко помошно тело за следење на безбедноста и случувањата во Куманово, да преземе и други консултативно-работни активности за враќање на политичката доверба и јакнење на стабилноста на државата, пред се, преку иницирање на мерки за намалување на меѓупартиската и меѓуетничката конфронтираност.
  4. 4. Натпартиските, граѓански собири се уставно гарантирана можност за масовно изразување на протест против лошите политики на Н. Груевски. Мудро би било навреме Груевски да се повлече од премиерската функција и да овозможи кадрите во ВМРО-ДПМНЕ кои имаат кредибилитет и неспорен авторитет да земат учество во идната влада на национално единство.
  5. 5. Форумот ги поддржува сите мирни собири на граѓани кои се насочени кон забрзана евро-атланска интеграција на Македонија.
  6. Изборот на М. Чавков за министер на МВР спротивно на одредбите на Уставот на РМ не придонесува за јакнење на довербата во институциите и легитимитетот на наредбите кои доаѓаат од него.
  7. 7. Лажниот патриотизам како и секогаш во историјата е на штета на сопствениот народ и завршува во ќорсокак.

Прифаќањето на погоре наведените излезни решенија и ставови кои Форумот ги предлага од самиот почеток на кризата, а кои веќе се на агендата на разговорите и се поддржани од меѓународниот фактор, можат долгорочно да ги стабилизираат односите во државата“, се вели во писменото соопштение на Форумот на слободоумни патриоти.

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на Форумот на слободоумни патриоти до македонската јавност

Ана Ололовска

ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Ана Ололовска

ФСП: Велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор

Ана Ололовска

ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Ана Ололовска

ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Ана Ололовска

ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Ана Ололовска