ФСП: Измама на врхушката – сака да го возобнови МААК на слугата Страшо Ангеловски

Од:

„Форумот на слободоумни патриоти сака да го охрабри чесното и искрено членство на ВМРО ДПМНЕ и понатаму да продолжи да се спротивставува на давањето на потпис за формирање или пререгистрација на партијата „Македонска акција” или скратено „МААК” на Страшо Ангеловски, вечниот „патриот“ и слуга.

Свесни сме за притисоците и методите на заплашување и делување на врхушката, но во овој момент од голема важност е да се спротивставиме на оваа налудничава идеја. Имено, станува збор за уште една измама, со која ќе се служи врхушката на претстојните предвремени парламентарни избори.

Јасно е дека возобновувањето на МААК под патронат на врхушката има за цел оневозможување на организирано и масовно спротивставување на разнебитувањето на државата, кое врхушката веќе десет години користејќи го партискто членство и државниот апарат систематски го спроведува. Затоа, уште еднаш го повикуваме вистинското членство на ВМРО ДПМНЕ, не кариеристите и печалбарите со кои врхушката ја наполни партијата, да се спротивстават на оваа луда идеја. Вашето спротивставување ќе значи запирање на валкањето на партијата и разнебитувањето на државата, кое веќе една деценија е наше секојдневие“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на Форумот на слободоумни патриоти до македонската јавност

Ана Ололовска

ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Ана Ололовска

ФСП: Велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор

Ана Ололовска

ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Ана Ололовска

ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Ана Ололовска

ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Ана Ололовска