ФСП: Иако „Павел Шатев” е под целосна ваша контрола драстична е разликата во поддршката што ја имавте во 2011 и сега

Од:

„После последната анкета на т.н. Институт “Павел Шатев”, Форумот на слободоумни патриоти сака да ја искаже својата загриженост и да и укаже врхушката дека време е за вонреден партиски Конгрес и избор на ново раководство.

Иако т.н. Институт “Павел Шатев” е под целосна ваша контрола, сепак и во нивните т.н. анкети драстична е разликата во поддршката што ја имавте на изборите во 2011 година и тоа 38,98% и 2014 година и тоа 42,97%, со онаа која ја имате денес и тоа 25,9%. Оттука падот на рејтингот од 13,08% во споредба со 2011 година и 17,07% во споредба со 2014 година според нас значи дека вие веќе немате кредибилитет да бидете на чело на партијата и со вас партијата на следните предвремени парламентарни избори може да претрпи само пораз и ништо друго.

Ниедна матна и нечесна игра која ја играте во овој момент нема да ви помогне во намерата да го избегнете изборниот пораз. Тој може да се избегне само со ново раководство и нова партиска структура, нови луѓе кои немаат хипотеки и црно минато“, соопштуваат од Форум на слободоумни патриоти.

 

 

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на Форумот на слободоумни патриоти до македонската јавност

Ана Ололовска

ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Ана Ололовска

ФСП: Велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор

Ана Ололовска

ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Ана Ололовска

ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Ана Ололовска

ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Ана Ололовска