ФСП до градоначалникот на Валандово: ВМРО-вската рака е долга

Од:

Форумот на слободоумни патриоти сака да го опомене раководството на ВМРО ДПМНЕ за односот на градоначалникот на Општина Валандово Николче Чурлинов.

Еве што стои во нивното соопштение:

„Градоначалникот злоупотребувајки ја својата функција, се става над законите и партијата и со своите постапки оди директно на штета на старите членови на партијата со тоа што ги шиканира и ги спречува во обавувањето на секојдневните работни обврски.

Тука сакаме да напонеме дека најмногу станува збор за нашиот брат Златко Доролојков, на кој после јавното изјаснување дека е член на Форумот, Градоначалникот на Општина Валандово Николче Чурлинов злоупотребувајќи ја својата функција, постапувајќи одмазнички и надвор од позитивните законски прописи му го затвора влезот на неговиот стопански објект и со самото тоа го спречува да ја обавува неговата дејност регистрирана согласно позитивните законски прописи.

Форумот на слободоумни патриоти сака да му укаже на раководството на ВМРО ДПМНЕ дека таквите ликови како актуелниот градоначалник Николче Чурулинов кои досега имаа навика да менуваат партиски бои први ќе ја напуштат партијата кога ќе немаат корист од неа, додека членовите како братотот Златко пак ќе бидат тука за партијата кога ќе биде најтешко. Форумот на слободоумни патриоти го повикува раководството на ВМРО ДПМНЕ да го повика на одговорност градоначалникот Николче Чурулинов да не се поигрува со чувствата на нашите браќа зошто и бара негово санкционирањее и однесување согласно статутот и актите на ВМРО ДПМНЕ“.

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на Форумот на слободоумни патриоти до македонската јавност

Ана Ололовска

ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Ана Ололовска

ФСП: Велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор

Ана Ололовска

ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Ана Ололовска

ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Ана Ололовска

ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Ана Ололовска