Форумот на слободоумни патриоти бара оставка од Груевски и вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Со оглед на случувањата на Македонската политичка сцена, како и однесувањето на сите политички фактори во државата, водењето на непринципиелна и неконзистентна политика, крајно безобразната манифестација на антипатриотизам и отсуството на морален, етички, политички и секаков кредибилитет, а во моменти кога е доведен во прашање опстанокот на државата, Форумот на слободоумни патриоти сака да упати јасна и недвосмислена порака во името на борбата за Македонската кауза и четирите свети букви ВМРО, до претседателот на ВМРО ДПМНЕ и до Извршниот комитет на партијата:

1. Веднаш да се почне со подготовка на вонреден Конгрес, во кој во организација и како делегати нема да ги изоставите истакнатите членови од основачите на партијата, истакнатите членови од Унијата на ветерани на ВМРО ДПМНЕ, како и преставници на Форумот.

2. Конгресот да се организира што е можно побрзо, а најдоцна до 10 мај, а се со единствена цел да бидат избрани тела и органи на партијата во кои ќе членуваат неискомпромитирани и политички недевалвирани истакнати членови на ВМРО ДПМНЕ.

3. Поради нарушениот политички кредибилитет, етички норми на однесување и заради загрозување на интересите на партијата, а со тоа и на државата, Претседателот на партијата Никола Груевски, веднаш да си поднесе оставка на функцијата, без право на повторен реизбор.

4. Исто така членовите на Извршниот комитет, веднаш да депонираат оставки.

Сакаме да ги повикаме членовите на нашата партија ВМРО ДПМНЕ на единство како никогаш до сега, а се со цел партијата конечно да се постави на здрави основи и да се врати идеолошкиот предзнак. Со вакво компромитирано раководство, политичка изолација од надворешните фактори, како и девалвирање на името и целокупните заложби на партијата, не можеме да се надеваме на изборна победа на наредните парламентарни избори.

Од тие причини го повикуваме и Претседателот на партијата во овие тешки моменти за партијата и државата, да заборави на своите лични интереси и да се стави во функција на идеолошката борба и доброто на партијата и државата. Очекуваме да поденсе неотповиклива оставка и да го повика членството на единство во пресрет на вонредниот Конгрес, кој треба да се одржи пред идните парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на Форумот на слободоумни патриоти до македонската јавност

Ана Ололовска

ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Ана Ололовска

ФСП: Велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор

Ана Ололовска

ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Ана Ололовска

ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Ана Ололовска

ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Ана Ололовска