Француски филмски фестивал во Охрид

Од:

Со филмот „Збогување со кралицата“ на режисерот Беноа Жако, во Центарот за култура во Охрид вечер ќе биде отворен Францускиот филмски фестивал.

Годинашното петто издание на фестивалот го организира Францускиот институт во Скопје, со поддршка на Министерството за култура и градот Охрид, и првпат оваа година регионот на Долна Нормандија.

Фестивалот ќе трае до 5-ти јули и на него ќе бидат прикажани најновите остварувања од француската кинематографија. Предвидено е да се прикажат девет долгометражни и 12 краткометражни филмови.

Фестивалските денови ќе ги затвори филмот „Никаквица“ на режисерот Жак Дојон, кому оваа година ќе му биде доделена наградата за животно дело. Покрај оваа награда жири комисијата, под претседателство на македонскиот режисер Антонио Митриќески, ќе додели и награда за најдобар филм, актер и актерка.

Како и изминатите, така и ова петто издание ќе биде под заедничко претседателство на Макс Азуле и Јордан Плевнеш.

Посетителите и оваа година ќе имаат невообичаена можност после секоја од проекциите да поразговараат со гостите учесници на фимските остварувања меѓу кои се Ева Јонеско, Абрахам Белага, Филип Легоржи и Жил Торанж.

Фестивалот претставува најпрестижна француско-македонска манифестација и е значајна за македонската кинематографија бидејќи дава можност да се зацврстат темелите на идната соработка меѓу францускиот и македонскиот филм, да се отворат можности за размена на уметници, продуценти, режисери, размена на искуства со земја која претставува лидер во европската кинематографија.

Би можело да ве интересира

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“

Почнува новото издание на АКТО – фестивал за современи уметности

“Кориолан“ на Битолски театар на магичната сцена на Бутринт, Албанија награден со стоечки овации