ФОТО: Илина Арсова го освои Монт Еверест

Од:

Македонската алпинистка Илина Арсова денеска стана првата Македонка која го искачи на Монт Еверест на надморска височина од 8,848 метри.

Во моментов таа се спушта од најголемата планина во светот и се наоѓа на висина од околу 7.000 метри.

ilina1

Нашата алпинистка уште пред да се искачи на Монт Еверест ја промовира Македонија во светот.

Сликата е од јануари од нејзината средба со поранешниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон во македонска народна носија.

Screenshot_4

Освен Монт Еверест, таа досега се има искачено уште и на Килиманџаро, Мон Блан, Аконгагва и на уште многу други високи планински врвов низ целиот свет.

Илина Арсова има триесет и една година и е ликовен уметник и позната планинарка која во женска конкуренција има постигнато најголеми успеси во Македонија.

ФОТО: Фејсбук на Илина Арсова

Би можело да ве интересира

Илина Арсова: И за Еверест требало книшка

Емир Латифовиќ

Иванов упати честитка до алпинистката Илина Арсова која го освои Монт Еверест

Емир Латифовиќ