ФОТО: Ученици во Битола учат во нехумани услови

Од:

Прокиснат покрив, влага по ѕидовите, а водата од дождовите се собира со кофи. Во вакви нехумани услови се одвива наставата во Државното музичко училиште во Битола.

Родител кој се обрати до А1он се пожали дека ситуацијата е непроменета веќе неколку месеци.

Освен променетата фасада на музичкото училиште и сменетите стари прозори и врати со нови, проблемите остануваат нерешени.

Загрижениот родител објаснува дека условите внатре во училиштето не се решаваат, а при поројни дождови, вода капе од сите страни, а учениците следат предавања како да се на отворено училиште. Ниту протестите во февруари на учениците од Музичкото училиште во Битола кои добија поддршка од Советот на родители не донесоа никакви промени во оваа образовна институција.

10672277_4623886891717_2444590187688432705_n

10632802_4623886251701_1382025817693816629_n

1001989_4623886691712_5130968594087676036_n

10606461_4623887131723_8403288581381227378_n

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март