Во сообраќајка што пред околу еден час се случила во скопската населба Аеродром повредени се неколку лица.
Несреќата во која учествувале две возила, марка Голф и Тојота, се случила во близина на основното училиште Браќа Миладиновци. Едно од лицата се здобило со тешки повреди на вратот и е итно пренесено во Градската болница. Полицијата врши увид.
ФОТО: Сител