(ФОТО) Струмица: Со автометачка до поголема чистота во градот

Од:

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од денеска во погон го пушти возилото наречено автометачка со која ќе се чистат улиците во поширокото градско подрачје. Станува збор за машинско собирање на сметот од улиците во градот што ќе овозможи повисоко ниво на чистота од сегашното.

Автометачката преку вградените распрскувачи прво ја распрскува водата па мете и го собира сметот со што го попречува ширењето на прашината при метењето на што најчесто се жалеа граѓаните при рачното метење на улиците.

Автометачката има контејнер со капацитет од два метри кубни отпад и во овој период ќе го собира сметот во раните утрински часови за да не го попречува сообраќајот и движењето на граѓаните, а понатаму ќе се движи по однапред утврдена маршута за која ќе бидат информирани и граѓаните. Од ЈПКД „Комуналец“ најавуваат дека во погон ќе биде пуштена уште една автометачка, а додаваат дека и со вградување на гумирани четки ќе може да се собира и сметот од гранитните плочки на плоштадот „Гоце Делчев“.

Со ова машинско чистење на улиците, „Комуналец“ уште еднаш ја потврдува заложбата за поголема чистота во Струмица.

Би можело да ве интересира

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите