ФОТО: Обновена фасада на „Битпазарска“ бр. 81 во Старата чаршија

Од:

Објектот на ул. Битпазарска бр. 81 на влезот во Старата скопска чаршија, споменик на културата изграден меѓу двете светски војни, доби нова фасада преку проектот на Министерството за култура за обнова и конзервација на надворешноста на објекти во градските јадра низ Македонија.

Минатиот месец беше промовирана првата фасада од проектот – на куќа – споменик на културата во Крушево, а до крајот на годинава според планот треба да бидат готови и новите фасади на куќата на Бектешовци во Прилеп, поранешниот Англиски конзулат во Битола и куќа на Бојаџиеви во Охрид. За санацијата на петте објекти Министерството за култура намени околу 11.200.000 денари.

За објектот во Старата чаршија обновата на надворешноста чинеше 2.100.000 денари. Има приземје и кат, каде што од 1990 година работи дуќан за текстил.

Би можело да ве интересира

Филмот „17“ на Косара Митиќ е македонски кандидат за Оскар

Предраг Петровиќ

Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров

„Заедно за подобро утре“, хуманитарен концерт во Велес

„Охридско лето“ со четири џез-вечери отвора ново музичко поглавје

Украдените дела на Реноар, Сезан и Матис пронајдени по пет месеци во Италија

Предраг Петровиќ

Турската кинематографија во фокусот на „Бич филм фестивал Охрид“