ФОТО: Малите коледарчиња на коледе кај градоначалникот на Општина Илинден

Од:

Уште во раните утрински часови 50-тина мали коледарчиња кои го најавија славењето на Бадник го посетија градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски во Домот на култура „Илинден“.

Коледарчињата, кои се симбол на ангелите кои ја носат веста за Христовото раѓање, со христијанска коледарска песна го посетија градоначалникот Стојановски. Покрај песничката тие со себе носеа и макета на Витлеемската пештера која ја симолизира пештерата во која се родил Исус Христос.

Во знак на благодарност за убавата вест и негувањето на традицијата, градоначалникот Стојановски на малите коледари им подари костени, портокали, јаболчиња, бонбони и им посака среќни празници, а пак малите коледари му подарија корпа со зимница.

Бадник е последниот ден од шестнеделниот пост со кој верниците се подготвуваат достојно да го пречекаат најрадосниот ден, денот на раѓањето на Спасителот на светот и синот божји Исус. Затоа на овој ден се е во знакот на радоста, среќата, љубовта, разбирањето и благосостојбата.

Би можело да ве интересира

Божикна средба кај архиепископот Стефан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Со божиќна порака, бискупот Киро Стојанов повика на заедништво

Филипче: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Автомобил удри во група луѓе на божиќна парада во Холандија – десетина повредени

А1он

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона