ФОТО: Кој носи семе на проклетство според учебникот по педагогија

Од:

Во универзитетскиот учебник по педагогија, на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на УКИМ, Студентите, идните педагози, за тоа што е зрела личност, учат ваква дефиниција:

„На подрачјето на полните, брачните и семејните односи, се одликува со чесност во љубовта и половиот живот, воздржаност, честитост во брачниот живот, љубов и почитување на семејството. Нејзиниот смисол за заедница го докажува прилагодивоста, дружељубивоста, приврзаноста кон заедницата, демократичноста и социјалната зрелост. За нејзиниот патриотизам зборува преданоста и верноста кон својот народ и татковината, грижата за национална слобода и суверенитет, љубовта спрема татковината, верност и приврзаност кон нејзините идеали, спремност да се бранат интересите и честа на својата татковина…“

10818523_10205530488356794_488357412_n

За оние што не се доволно патриоти, студентите по педагогија учат дека во себе носат семе на проклетство:

„Оние кои не го сакаат местото каде што се родиле, носат во себе семе на проклетство за себе и за другите, проклетство кое раѓа немири и раздори. Можеме да живееме било каде но, љубовта кон татковината секогаш да ја носиме во себе.“

10836184_10205530490836856_1574931798_n

Ова го пишува на страниците 152 и 172, во книгата „Педагогија“, издание 2007, Скопје, учебно помагало од авторката д-р Анета Баракоска, која предава на овој факултет.

Во воведот стои дека студентите со ова книга се подготвуваат за испитите по Увод во педагогија, Општа педагогија и Педагогија, а назначено е дека учебното помагало е наменето првенствено за студентите на оваа катедра, но и за сите шт се интересираат за „фундаменталните прашања на педагошката наука“.

10818860_10205530494876957_2118542715_n

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование