ФОТО: Катрин Денев во Охрид доби охридски бисер

Од:

Катрин Денев, една од најпознатите светски актерки својата колекција од накит ќе ја збогати со надалеку прочуениот охридски бисер. Иако е гостинка на годинешново издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, најде време и скокна до Охрид.

Неизбежен дел од прошетката низ Охрид беше средбата со Мишо Филев наследник на семејството Филеви, најстарите произведувачи на охридскиот бисер. Тој ја пречека во продавницата сместена во стариот дел на Охрид.

 

Филев на Денев и ја објасни историјата и традицијата на изработката на овој скапоцен бисер и светски признат бренд. Денев го напушти дуќанот на семејството Филеви со гердан составен од охридски бисери за кој како што рече, со гордост ќе го носи и ќе ја потсетува на еден прекрасен град и луѓе.

Мишо Филев пак рече дека е задоволство да се биде во друштво со една од најпознатите светски актерки и да се разговара со неа. Катрин Денев на интернационалниот филмски фестивал во Битола ќе ја прими специјалната награда „Златна камера 300″ за особен придонес кон светската филмска уметност. Друштво во Охрид и правеше македонската актерка и директор на „Браќа Манаки“, Лабина Митевска

Би можело да ве интересира

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“

Почнува новото издание на АКТО – фестивал за современи уметности