ФОТО: Хорор училиште ги пречека првооделенците во Хиподром

Од:

По толку фалби дека биле обновени и изградени училишта во државава, родителите на првооделенците останаа шокирани во какви услови ќе учат нивните деца во основното училиште “Вера Јоциќ“ во скопската населба Хиподром.

На првиот училишен ден 50 деца кои се запишале во првооделенска настава ги пречека целосно руинирано училиште, со урнати ѕидови, со шахти на сред училишниот ходник.

3

Училиштето не е чепнато повеќе од 40 години. Дури не е ни саниран покривот по пожарот кој го зафати пред четири години.

2

Родителите реагираа дека е срамота што нивните деца мора да ги пуштаат да учат во вакви нехумани услови-стари столчиња и клупи, до изгорен таван, распаднати ѕидови. Наместо да се радуваат, велат дека им се плаче каде ги донеле нивните деца.

5

Овде е далеку и приказната за новите тениски играчишта. Училиштето има фискултурна сала која не функционира, а изминативе години учениците вежбаа во ходникот.

9

6

4

8

7

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март