Духовден долго ќе остане запаметен во меморијата на вранештичани, велат жителите на селото кои освен што ја бранат шумата од најавената сеча, биле сведоци и на „Божја работа“. Откако утрото поставија блокада со жив ѕид со цел да не се сече црковната шума во нивното село, се случи чуден феномен од кој очевидците возбудени го коментираат како божја работа.
Во црквата посветена на Свети Никола, наеднаш почнала да се рони и отпаднала фреската на Свети Илија, додека пукнатини се јавувале на останатите фрески, објави порталот Кичево.
Црквата иако е стара, била целосно обновена пред околу 7 години, со народни и со црковни пари. Никој не памети дека на самиот објект се појавил некој проблем кој би предизвикал оштетување на фрескоживописот.
„Се случи Божја работа“ – коментираат селаните.
Селото Вранештица е многу старо и е населено со илјадници години наназад. Две од неговите цркви се зборува дека датираат уште од шестиот век.