Крушевчани и вечерва излегоа за да го изразат својот револт и да му кажат НЕ на владеењето на Груевски.
За актуелната состојба, за упадот во автономијата на Универзитетот, за убавините и славната историја на Крушево говореше универзитетскиот професор Мимоза Ристова.
Верче Чавкар, се пожали на голготата низ која минала, само затоа што нема партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ. Без книшка, рече, нема работа.
„Враќање нема, одиме до крај, ако е сигурен Груевски, нека излезе на парламентарни избори“, рече Андреј Петров.
„Крушево, економски тоне со оваа власт“, рече Ташули Јуца.