Форумот на слободоумни патриоти: Документарецот на Глен Елис и нанесува огромна штета на Македонија

Од:

Форумот на слободоумни патриоти најенергично се спротивставува на објавените невистини во документарниот филм на Глен Елис, „Луѓе и моќ: Македонија – позади фасадата” објавен на ТВ Ал Џезаира-Балканс.

„Во овој документарен филм се искажани ноторни невистини за состојбата во Република Македонија со констатацијата на авторот:

1. дека македонското претежно муслиманско албанско малцинство, скоро потполно е избришано од историјата на земјата!?,

2. дека во Република Македонија не се слави ниеден албански херој, како и

3. дека на последните избори главно обележје било насилството врз албанското малцинство!?.

Во однос на овие невистинити констатации, меѓународната и домашната јавност мора да знае дека вистината е сосема друга. Албанското и сите останати малцинства во Република Македонија (за нас од Форумот, етнички заедници според Уставот на Р. Македонија) како во ниедна друга држава во светот уживаат многу поголеми права од општо прифатените меѓународни стандарди за национални или етнички малцинства содржани во документите на меѓународното право. Припадниците на сите етнички заедници во Република Македонија со уставните измени се рамноправни конститутиенти на државноста, кои имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особености на своите заедници и да ги употребуваат симболите на својата заедница. Република Македонија ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници. Заради изразување, негување и развивање на својот идентитет припадниците на заедниците имаат право да основаат културни, уметнички, образовни и научни и институции и здруженија, право на употреба на јазикот како и други права над загарантираните меѓународни стандарди“, велат од Форумот на слободоумни патриоти.

„Со овие ноторни невистини и смислени провокации авторот на филмот и нанесува огромна штета на Р. Македонија, но исто така прави обид да ја дестабилизира и онака кревката меѓуетничка ситуација настојувајќи да предизвика меѓуетнички и меѓуверски тензии на овие простори.

Форумот ги повикува граѓаните на нашата држава како и сите политички субјекти да не подлегнуваат на ваквите и слични смислени провокации и да продолжат да го негуваат, развиваат и унапредуваат заедничкиот соживот и меѓусебната почит и доверба. Исто така Форумот на слободоумни патриоти му препорачува на авторот кога е веќе толку загрижен за состојбите со правата на малцинствата на Балканот, да направи филм за правата на македонското малцинство во државите соседи на Република Македонија“, се вели во соопштението на Форумот на слободноумни патриоти“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Би можело да ве интересира

ФСП: Власта да не ги лаже земјоделците, нека ги исплати субвенциите

А1он

ФСП: Мудро би било Груевски навреме да се повлече

Ана Ололовска

ФСП: Ако се сечени, лепени и монтирани, ВМРО-ДПМНЕ нека ги објави интегралните материјали

Ана Ололовска

Форумот на слободоумни патриоти бара професионалност од МТВ

Ана Ололовска

Форум на слободоумни патриоти: Нашата ВМРО да не се крие зад колективна одговорност

Ана Ололовска

Љубиша Георгиевски – се сеќаваш кој беше кодошот кога се формираше ВМРО ВМРО?

Ана Ололовска