Форумот на слободоумни патриоти: Што поскоро да се постигне договор

Од:

Форумот на слободоумни патриоти ги повикува лидерите на политичките партии во престојните преговори да се договорат и за обновување на сите досега монтирани судски процеси пред независен суд, кој нема да е под контрола на врхушката и нејзините експонати во сваровски судството кое го креираа изминатите неколку години.

Ова е битно бидејќи во сите тие процеси многу пати беа прекршени Уставот и законите на Република Македонија. Многу невини луѓе се осудени, а некои од нив со месеци и години беа држени и сеуште се држат во притвор и тормозат.

Доколку вистински сакате да ја решите кризата, да ја намалите тензијата и да ја прекинете агонијата во која се наоѓа Република Македонија итно и неопходно е да се направи обновување на сите монтирани судски процеси како еден чекор кон помирување и нормализирање на состојбите.

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на Форумот на слободоумни патриоти до македонската јавност

Ана Ололовска

ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Ана Ололовска

ФСП: Велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор

Ана Ололовска

ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Ана Ололовска

ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Ана Ололовска

ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Ана Ололовска