Форумот на слободоумни патриоти го осудува последниот настап на претседателот на ДУИ Али Ахмети во кој тој рече дека изборите не треба да бидат закажани во време на рамазанските пости.
„Сакаме да укажеме дека последна изјава на Али Ахмети во која претстојните предвремени парламентарни избори ги поврзува со Рамазанските пости е уште еден обид да се предизвика верска нетрпеливост во Република Македонија. Имено поврзувањето на државните активности и обврски со верски обичаи и обреди е директно нарушување на граѓанскиот концепт на Република Македонија, бидејќи претставува обид за ставање на потребите на една верска заедница над интересите на државата, иако чинот на гласањето нема никаква врска и поврзаност со верски пости“, се наведува во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.
Оттаму му укажуваат на Ахмети дека на 24 април е значајниот христијански празник Цветици, а овој датум е во период во кој се строги Велигденски пости.
„Затоа, сметаме дека ваквата изјава на Али Ахмети е тенденциона и претставува навреда за христијанското население во Македонија. Форумот на слободоумни патриоти го повикува раководството на ВМРО-ДПМНЕ јавно и јасно да се дистанцира од ваквите изјави на Али Ахмети и да застане зад граѓанскиот концепт на Македонија. Во спротивно уште еднаш ќе покажете дека договорите со Али Ахмети ви се над граѓаните и над интересите на Македонија како суверена држава, како што тоа го покажавте кога ги амнестиравте Хашките случаи. Воедно доколку јавно не се оградите од оваа изјава станувате соучесници на Али Ахмети во рушењето на граѓанскиот концеп на Македонија и неговиот обид за предизвкување.