Форум на слободоумни патриоти: Ова е личен пораз на Груевски

Од:

Форумот на слободоумни патриоти со жалење констатира дека политиката на додворување и на исполнување на сите желби кон ДУИ, а на штета на Македонските национални интерси се покажа како погрешна и не вроди со плод и обезбедување на мнозинство за формирање на Влада.

„Ние многу пати му укажавме на Груевски и на раководството дека на погрешен пат ја водат партијата и дека придонесуваат за нејзиното уништување. Многу пати им укажавме дека носењето одлуки на штета на Македонскиот народ и Република Македонија еден ден скапо ќе ги чини.

Сакаме да му укажеме на Груевски дека овој пораз е личен негов пораз, а не пораз на ВМРО ДПМНЕ, пораз кој значи крај на неговата политичка кариера.

Форумот на слободоумни патриоти после неуспехот да обезбеди мнозинство, го повикува раководството јавно да објави што било предмет на разговор и што им било понудено на ДУИ за коалиција. Исто така во интерес на ВМРО ДПМНЕ го повикува Никола Груевски да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата Претседател на ВМРО ДПМНЕ и да овозможи низ една транспарентна и демократска постапка избор на нов лидер“ стои во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на Форумот на слободоумни патриоти до македонската јавност

Ана Ололовска

ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Ана Ололовска

ФСП: Велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор

Ана Ололовска

ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Ана Ололовска

ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Ана Ололовска

ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Ана Ололовска