Формиран Советот на општина Гостивар, НДП ја напушти седницата

Од:

Советот на општина Гостивар денеска одржа конститувна седница на која со мнозинство гласови за нов претседател на Советот е избран Насер Муслиу, доктор-специјалист од редовите на ДУИ.

Првата седница на Советот, ја одбележа напуштањето на советниците од НДП и не им беа верифицирани мандатите. На почетокот на седницата, Весел Мемеди, во име на советничката група, изрази незодоволство.

Револтирани од, како што образложија, неодамна врачените откази на околу двесте лица од ЈП „Комуналец“, општинската администрација и смените на директорите од училиштата, советниците од НДП одлучија да не учествуваат во работата на советот и ја напуштија салата.

Градоначланикот Невзат Бејта во обраќањето пред новиот состав, изрази жалење за постапката на деветмината советници од НДП и како што рече, тие со тој чин ја потцениле волјата на граѓаните кои гласале за нив. Бејта честитајќи им ги мандатите, од советниците побара конструктивност, потсетувајќи ги дека во наредните четири години ќе имаат одговорна задача.

Во новиот состав на советот, има претставници од десет политички партии. Од вкупно 31, со десет освоени мандати, најбројни се членовите на ДУИ.

ФОТО: Телма

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија