Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки

Од:

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координација со Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес на фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока.

При претресот биле пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. Криумчарената стока е запленета, а против едно правно и едно физичко лице е поднесена кривична пријава за прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

Како што информираат од Царинската управа, фирмата вршела меѓународни поштенски услуги без соодветна лиценца, при што пратките ги внесувала во државата со возила преку граничен премин, без да ги пријави кај царинските органи. Потоа, пратките биле нелегално складирани во магацин во сопственост на фирмата, со намера од таму да бидат доставени до нарачателите, за што се наплатувал паричен надомест.

Од Царинската управа најавуваат дека и понатаму ќе продолжат со засилени контроли и координирани активности со надлежните институции, со цел откривање и спречување на криумчарење и незаконско работење, заштита на државните финансиски интереси и обезбедување фер конкуренција на пазарот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Дојран фатен Србин, возач на камион со 5.050 штеки цигари

Запленети над 1000 фалсификувани часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“

Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо

Две Македонки кои живеат во Холандија криумчареле злато вредно 1,3 милиони денари

Во цистерна за нафта шверцувале цигари, фатени петмина кои имале организирана мрежа

Димитриеска-Кочоска: Царинската управа во изминатата година јасно покажа дека може да биде сервис на државата, на граѓаните и на стопанството