ФИНКИ со ултиматум до Владата: Ако не обезбедите простор за над 5000 студенти, ќе преземеме радикални мерки

Од:

Управата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на седницата одржана на 18.03.2024 година, на која се расправаше за односот на Владата и Министерството за образование и наука кон барањето за привремено надминување на просторниот проблем на најголемиот технички факултет во Република Северна Македонија со над 5000 активни студенти, ги донесе следните заклучоци:

1. Факултетот бара Владата на Република Северна Македонија на следната седница да донесе одлука за давање на времено или трајно користење, без надоместок, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ФИНКИ) на објектот кој се наоѓа на КП бр. 1856, КО Карпош, ИЛ бр. 47924, согласно барањето испратено од Факултетот до Владата на 19.5.2023.

2. Факултетот бара Владата на Република Северна Македонија да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од 3 месеци да обезбеди простор и изврши релокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на Министерството.

3. Доколку Владата на следната седница не донесе позитивна одлука по барањето на Факултетот, односно повторно ја одложи точката која е од суштествено значење за нормално спроведување на наставата на Факултетот, ќе бидеме приморани да преземе порадикални мерки. Факултетот задржува право, до остварување на овие барања, јавно да го искажува своето незадоволство со одржување на протести и штрајк, наведуваат од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Би можело да ве интересира

Студентите трчаат за зграда, а раководството на ФИНКИ за барака реакција на Бирото за развој на образованието

„ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“ – втор протест на студентите од ФИНКИ

Протест на студентите и вработените на ФИНКИ пред Владата

Бирото за развој на образование реагира на барањата на ФИНКИ за дислоцирање

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Студенти од ФИНКИ спроведуваат петиција за зголемување на свеста за недостатокот на условите во образовните институции

А1он