Финална дебата на студентскиот натпревар „Скопје опен 2015“

Од:

 На Универзитетот ФОН денеска ќе се одржи финалната дебата од Меѓународниот турнир за натпреварувачка дебата „Скопје опен 2015“ кој Дебатната програма на Младинскиот образовен форум го организира вторпат во Скопје.

Од 24-ти до 26 декември на настанот се натпреваруваат повеќе од 80 студенти од Македонија во дебати на актуелни глобални тези поврзани со демократијата, човековите права, економските слободи и граѓанското оштество.  

На  Универзитетот ФОН за време на турнирот ќе се одржат 25 прелиминарни дебати, полуфинале и финале.

Финалната дебата, на која ќе се избере победникот, е денеска во 15 часот. Настанот е отворен за публиката и ќе биде пренесуван во живо на интернетската страница www.radiomof.mk/skopje-open-2015.

Тимот на главни дебатни судии на „Скопје опен 2015“ кој ќе биде задолжен за креирање на тезите за дебатирање на овој турнир, е во меѓународен состав: Стефан Сириџански (Србија), Емилија Карлквист (Шведска) и Хариш Натајан (Велика Британија). Настанот е поддржан од  Британската амбасада во Скопје.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска