Филипче: Партизација наместо деполитизација, Мицкоски се враќа на режимските практики

Од:

Претседателот на СДСМ реагира на последните одлуки на Владата на Мицкоски и бруталната партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите и најавува дека СДСМ ќе се спротивстави, ќе преземе мерки за заштита на граѓаните и институциите од партиската хегемонија.

„Како претседател на СДСМ, чувствувам должност да предупредам за сериозната опасност која ја носат последните одлуки на Владата на Мицкоски. Само пред еден ден, слушнавме големи зборови за деполитизација и департизација на институциите, а денес гледаме целосно спротивно – брутална партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите. Ова тело, кое треба да биде столб на независност и заштита на правата на граѓаните, сега се претвара во алатка за партиска контрола и злоупотреба.

Ваквата лицемерност на Владата е опасна за демократијата и ја враќа земјата назад во мрачните времиња на режимскиот систем, кога безбедносните структури беа под целосна партиска контрола, а правата на граѓаните беа системски кршени. Мицкоски не само што ги изневерува своите ветувања, туку и директно ги загрозува темелите на демократскиот поредок. СДСМ нема да остане нем набљудувач. Ќе ја информираме меѓународната заедница за оваа скандалозна партизација и ќе преземеме се што е неопходно за да ги заштитиме граѓаните и институциите од оваа партиски брутален напад. Македонија заслужува независни и професионални тела, а не репродукција на режимски практики“. вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бензините

Горан Наумовски

Мицкоски: Рекордни бројки во тутунот и лозарството, инвестициите во земјоделството продолжуваат

Горан Наумовски

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ветуваше економска стабилност, а сега позајмува од М-НАВ и МЕПСО

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики